Вокер се договори со Милан: Капитенот на Сити заминува!

January 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Вокер се договори со Милан: Капитенот на Сити заминува!

Кајл Вокер ги договори сите услови со Милан, а ваквата зделка ја потврди познатиот новинар Фабрицио Романо кој скоро секогаш ги има ваквите ексклузиви. Десниот бек и капитен на Манчестер Сити ќе замине на позајмица каде ќе нема обавезна клаузула за откуп на неговиот договор и неговата плата ќе биде целосно покриена од страна на италијанскиот гигант. Англичанецот се договори со Милан за договор до 2027 година. Ова би важело во случај Милан да реши да го откупи перманентно на лето откако ќе заврши неговата позајмица. Вокер допрва треба да пристигне во Италија и да ги направи медицинските прегледи. Тој имаше очаен прв дел од сезоната во Премиер лигата, па решил да се испроба во друга земја и да искуси друга лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.