January 22, 2025 | | Свет
Фенербахче го шокираше својот најголем ривал Галатасарај и попладнево објави дека го договорил трансферот на Милан Шкрињар од ПСЖ. Ова доаѓа како вистински удар за актуелниот шампион на Турција, кој само ден претходно го најавуваше словачкиот дефанзивец како своето следно големо засилување. Галатасарај дури подготви приватен авион за да го донесе Шкрињар во Истанбул на медицински прегледи, но Фенербахче се вмеша во последен момент. Со подобри финансиски услови, тимот успеа да го убеди дефанзивецот да го избере нивниот проект, оставајќи го лутиот ривал со празни раце. Ова е второто големо засилување за Жозе Мурињо оваа недела по трансферот на Диего Карлос од Астон Вила, што само ја потврдува амбициозната трансфер политика на Фенербахче. Со овој потег, клубот испрати силна порака дека е подготвен да се бори за титулата и доминацијата во турскиот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |