Наполи на чекор од потпис на ѕвездата на Дортмунд, а Челси планира да им го „украде“ Гарначо

January 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Наполи на чекор од потпис на ѕвездата на Дортмунд, а Челси планира да им го „украде“ Гарначо

Со заминувањето на Квива Кварацкелија, Наполи планира да ангажира двајца играчи кои настапуваат на крилни позиции: Карим Адејеми од Дортмунд и Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед. Фабрицио Романо денеска ексклузивно пренесе дека Наполи му пристал на Дортмунд за Адејеми и дека се преговара за пакет вреден 45-50 милиони евра. Наполи исто така му пристапил на играчот за да ги договорат условите. Во исто време, Наполи преговара и со Гарначо. Но, за трансферот на Аргентинецот, нешто се прашува и Челси. Имено, Романо пишува дека Челси го засилува интересот и припрема официјална понуда за Гарначо. И покрај големиот број на крилни играчи, очигледно Енцо Мареска смета дека му се потребни уште крила.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.