Милан на чекор од плеј-оф, Реал го прегази Салзбург, Фејнорд го изненади Баерн (ВИДЕО)

January 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан на чекор од плеј-оф, Реал го прегази Салзбург, Фејнорд го изненади Баерн (ВИДЕО)

Фудбалската вечер во Лигата на шампионите донесе многу возбудувања, изненадувања и клучни моменти кои ќе останат запаметени. Најголемото изненадување го приреди Фејенорд, кој го декласираше Баерн Минхен со убедливи 3-0 на свој терен во Ротердам. Натпреварот на „Де Кујп“ започна со задоцнување поради пиротехничкото шоу на домашните навивачи, а маглата и дождот им донесоа среќа на домаќините. Сантијаго Томас Хименез беше херој со два гола во првото полувреме, додека Уеда го потврди триумфот во завршницата. Со оваа победа, Фејенорд обезбеди пласман во плејофот, додека Баерн ќе бара спас против Слован Братислава во последното коло. Во Мадрид, Реал приреди гол-шоу против Салцбург, совладувајќи го со 5-1. Родриго постигна два гола во првото полувреме, додека во вториот дел блеснаа Мбапе и Винисиус Жуниор со по два погодоци. Голот за утеха за австрискиот тим го постигна Бидструп во 85. минута. Арсенал, пак, рутински го победи Динамо Загреб со 3-0, во натпревар во кој македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми ги одиграа сите 90 минути. Победата за „топчиите“ беше сигурна и ја зацврсти нивната позиција во групата. Во Милано, Милан го потврди својот пласман во плејофот со минимална победа од 1-0 над Џирона. Рафаел Леао беше човекот на одлука со погодок во 37. минута, додека Џирона не успеа да израмни поради офсајд-ситуација потврдена од ВАР. „Росонерите“ остануваат во трка за директен пласман во осминафиналето, кој ќе се решава во последното коло. Италијанскиот шампион Интер, исто така, забележа минимална победа, совладувајќи ја Спарта Прага на гости со 0-1. Лаутаро Мартинез постигна прекрасен гол во 12. минута, кој се покажа како одлучувачки за трите бода и пласманот во следната фаза.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.