January 25, 2025 | | Свет
Ливерпул убедливо го совлада Ипсвич со 4-1, потврдувајќи ја својата фаворитска улога во 23. коло од Премиер лигата. Доминик Собослаи го отвори резултатот уште во 11. минута, а Салах, по одличната асистенција на Гакпо, го удвои водството во 35. минута. До крајот на првиот дел, Гакпо се запиша на листата на стрелци, зголемувајќи на убедливи 3-0. Во вториот дел, Ливерпул не ја намали динамиката – Гакпо го постигна својот втор гол во 66. минута за 4-0, пред гостите да стигнат до утешниот погодок преку Гривс во самиот финиш. Арсенал, пак, потешко од очекуваното, го совлада Вулвс со 1-0. Натпреварот беше одбележан со исклучувањата на Луис-Скели во 43. минута за „топџиите“ и Жоао Гомес во 70. минута кај Вулвс. Одлучувачкиот момент го обезбеди Калифиори со гол на 15-тина минути пред крајот. Најголемото изненадување на денот го приреди Бормут, кој со неверојатни 5-0 го совлада Нотингем Форест, тим кој оваа сезона се наоѓа во врвот на табелата. Во другите средби, Евертон минимално славеше над Брајтон со 1-0, додека Њукасл триумфираше со 3-1 на гостувањето кај Саутемптон.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |