Наполи му го нанесе првиот пораз на Јувентус во Серија А! (ВИДЕО)

January 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Наполи му го нанесе првиот пораз на Јувентус во Серија А! (ВИДЕО)

Наполи успеа да го совлада Јувентус на домашен терен со резултат 2-1 после направен пресврт. И додека во првиот дел Јувентус покажа нешто повеќе од домаќините, во вториот дел делуваа тотално дефокусирани и без никакви шанси да се вратат во натпреварот. Резултатот го отвори Коло Муани во 43. минута. Французинот одлично успеа да погоди од свртување за водство на тимот на Тиаго Мота. Но, во вториот дел Наполи влезе решително и успеа да направи превсрт. Изедначување донесе Ангиса во 57. минута, а тотален пресврт Ромелу Лукаку со ударот од белата точка во 69. минута. Со оваа победа Наполи му го нанесе првиот пораз на Јувентус во Серија А сезонава. Наполи сега има 53 бода, шест повеќе од Интер, но и два натпревари повеќе. Јувентус пак е на петтата позиција со 37. бодови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.