Рашфорд сака во Барселона, ама два проблеми го кочат трансферот

January 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Рашфорд сака во Барселона, ама два проблеми го кочат трансферот

Барселона сериозно размислува за шестмесечна позајмица на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, но финансиските пречки може да ги сопрат преговорите. Каталонскиот гигант е подготвен да покрие само половина од огромната неделна плата на Рашфорд, која изнесува 325.000 фунти. Од друга страна, Јунајтед инсистира целосниот износ да биде подмирен од Барса. Другиот финансиски проблем е што Барселона мора да се ослободи од некој играч и да направи простор за платата на Рашфорд. Спортскиот директор на Барса, Деко, во изјава потврди дека клубот се обидува да најде решение за оваа ситуација, но моментално нема напредок. Преговорите може да заглават токму на овие две точи. Рашфорд се најде во немилост кај новиот тренер на Јунајтед, Рубен Аморим, кој го исклучи од тимот поради недисциплина и недоволно залагање. Иако напаѓачот одигра 18 натпревари сезонава, неговата иднина во Јунајтед изгледа неизвесна. Огромната плата дополнително ја усложнува можноста за премин во друг клуб, кој би бил подготвен да ги преземе финансиските обврски. Барселона, која е во потрага по напаѓач, го гледа Рашфорд како потенцијално засилување, но останува да се види дали двете страни ќе успеат да постигнат договор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.