Бизарен момент во Турција: Му удри шамар на својот соиграч, па си доби црвен (ВИДЕО)

January 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бизарен момент во Турција: Му удри шамар на својот соиграч, па си доби црвен (ВИДЕО)

На натпревар од турското првенство меѓу Сиваспор и Кајзериспор се случи крајно необична и бизарна сцена. Стефан Бахокен, фудбалер на гостинската екипа, заработи црвен картон поради инцидент што никој не го очекуваше – му удри шлаканица на својот соиграч Мигел Кардосо. Да, ова навистина се случи! Инцидентот се одигра во 23. минута од мечот. Главниот судија првично не забележа што се случи, но ВАР собата реагираше и сигнализираше за несекојдневната сцена. Бахокен, видно вознемирен, се соочи со Кардосо за време на кратка пауза поради прекршок, што кулминираше со неочекуваниот удар. Во моментот на исклучувањето резултатот на семафорот беше 2:0 во корист на домаќините, но гостите не успеаја да се стабилизираат. Натпреварот заврши со катастрофален пораз за Кајзериспор, кои беа совладани со убедливи 5:2. Овој настан уште долго ќе се памети како еден од најчудните инциденти во историјата на турскиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.