Милан славеше со два брзи гола во судиското надополнување (ВИДЕО)

January 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан славеше со два брзи гола во судиското надополнување (ВИДЕО)

Милан конечно успеа да стави крај на серијата без победа на „Сан Сиро“ во Серија А, совладувајќи ја Парма со 3-2 во натпревар полн со пресврти и драма. По три нерешени натпревари дома против Џенова, Рома и Каљари, „росонерите“ се вратија на победничките патеки со инфарктен финиш. Гостите први поведоа во 24. минута преку Канчерели, додека израмнувањето за Милан стигна од Пулишиќ во 38. минута, кој беше прецизен од пенал по прекршокот на Сом. И покрај тоа што Парма повторно ја презеде предноста во 80. минута со голот на Дел Прато, не успеа да го задржи водството до крајот. Милан го израмни резултатот во 92. минута преку Рејндерс, а само три минути подоцна, Чукуезе донесе делириум во Милано со победничкиот гол во 95. минута. Со оваа победа, Милан сега е шести на табелата со 34 бода, додека Парма останува на седумнаесеттото место и ја чека тешка борба за опстанок. Головите погледнете ги ТУКА

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.