Барселона ја посрамоти Валенсија со седум гола, екипата на Столе тоне! (ВИДЕО)

January 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона ја посрамоти Валенсија со седум гола, екипата на Столе тоне! (ВИДЕО)

На „Камп Ноу“, Барселона приреди фудбалска лекција, славејќи со спектакуларни 7-1 против Валенсија, тим на нашиот Столе Димитриевски. Каталонците го решија натпреварот уште во првото полувреме, постигнувајќи пет гола преку Де Јонг, Торес, Рафиња и двојниот стрелец Фермин Лопез.

Второто полувреме беше само формалност, но Барса не застана. Левандовски влезе од клупата и во 66. минута го запиша своето име на листата на стрелци, додека автоголот на Цезар Тарега ги заокружи конечните 7-1. Единствениот момент на утеха за гостите беше голот на Хуго Дуро во 59. минута. Но, овој натпревар само ја потврди кризата во која се наоѓа Валенсија, која прима седум гола за првпат од 1955 година. Тимот сега е претпоследен на табелата со само 16 бодови и се соочува со реална опасност од испаѓање во Сегунда. За Барселона, ова беше 13. победа сезонава, со која стигнаа до 42 бода, само три зад второпласираниот Атлетико Мадрид. Во следното коло, Каталонците ќе го пречекаат Алавес на домашен терен, додека Валенсија ќе се обиде да се врати против Селта Виго. Мајсторски настап и тотална доминација – Барселона повторно покажа зошто е меѓу најдобрите!

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.