Аморим: За два месеци работа во Манчестер Јунајтед остарев 10 години

January 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: За два месеци работа во Манчестер Јунајтед остарев 10 години

Манчестер Јунајтед со победата над Фулам на „Крејвин Котиџ“ приреди совршен подарок за својот тренер Рубен Аморим, кој на 26 јануари наполни 40 години. Овој триумф беше уште еден значаен момент за Португалецот, кој не ја криеше својата благодарност за тимот по натпреварот. За време на прес-конференцијата, новинарите му упатија честитки за роденденот со шеговит коментар дека животот започнува на 40 години. Но, Аморим одговори на свој начин, додавајќи доза хумор.

„Немам 40, имам 50. Само за два месеци во Манчестер Јунајтед остарев 10 години. Но, мило ми е што сум тука и што можам да го прославам роденденот со овие неверојатни луѓе“, вели Аморим.
Иако тој на некој начин се пошегува, во исто време откри дека се соочува со огромни проблеми, стрес и притисок. Тренерот ги пофали своите играчи за посветеноста и трудот што го вложуваат, истакнувајќи дека на натпреварот против Фулам се гледало колку тимот е подготвен да се жртвува за успех. Воедно, тој ги објасни своите принципи, кои беа клучни за изборот на составот.
„Сè зависи од тренингот. Таму се гледа сè. Да бидам искрен, повеќе би ставил резервен голман отколку играч кој не го дава својот максимум на тренинг. Тоа е моето правило и нема да го сменам. Оние што играа против Фулам ја покажаа својата посветеност, и им честитам и за борбата и за победата“, рече тој.
Во изминатите денови, Манчестер Јунајтед забележа два важни триумфа, прво против Ренџерс во Лига Европа, а потоа и против Фулам во Премиер лигата. Со 29 бода од 23 натпревари, „црвените ѓаволи“ се на 12-тото место, со надеж за подобрување на позицијата во наредните натпревари.
@optussport Ruben Amorim has aged 10 years since going Manchester United 🤯😂 The birthday boy partakes in a bit of tomfoolery after a win over Fulham. #PremierLeague #ManchesterUnited ♬ original sound - Optus Sport

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.