Манчестер Јунајтед му го зеде талентот на Арсенал

January 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед му го зеде талентот на Арсенал

Еден од најперспективните стопери на својата генерација, Ејден Хевен, го напушта Арсенал и ја продолжува својата кариера во Манчестер Јунајтед. Според новинарот Фабрицио Романо, договорот помеѓу двата клуба е постигнат, а за младиот фудбалер веќе се договорени медицински прегледи. Интересно е што Хевен одбил да ја продолжи соработката со Арсенал, одбивајќи и нов договор од „топчиите“. Дополнително, тој ја одби и понудата на Ајнтрахт Франкфурт, очигледно решен да ја продолжи кариерата во редовите на „ѓаволите“. Со својата способност да игра како централен дефанзивец и како лев бек, Хевен несомнено ќе донесе квалитет и дополнителни опции за одбраната на Манчестер Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.