Дојде и лудиот фудбалски ден во ЛШ: Дури 18 натпревари во ист термин!

January 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дојде и лудиот фудбалски ден во ЛШ: Дури 18 натпревари во ист термин!

Вечерва се одигруваат сите натпревари од последното коло во Лигата на шампионите, а исходите ќе го дефинираат патот на екипите – кои ќе играат плејоф за нокаут фазата, а кои осум тима ќе обезбедат директно место во осминафиналето. На програмата се 18 дуели, но само два ќе бидат одиграни без резултатски притисок – Јанг Бојс против Црвена Звезда и Штурм против Лајпциг. Најголемото дерби ќе се одигра во Штутгарт, каде домашниот тим ќе го пречека ПСЖ. Победникот од овој дуел ќе обезбеди место во плејофот, додека ремито повеќе му одговара на гостите, бидејќи тие имаат подобра гол-разлика. Сепак, „Швабите“ сè уште имаат шанси да продолжат понатаму, доколку се совпаднат резултатите од неколку други натпревари – како што се порази на Бенфика, Спортинг и Манчестер Сити. Голема неизвесност владее и во таборот на Манчестер Сити, чија судбина зависи од вечерашниот дуел против Клуб Бриж на „Етихад“. „Граѓаните“ во моментов се на 25. место и се соочуваат со потенцијална елиминација. Белгискиот тим, кој е едно од најголемите изненадувања во натпреварувањето, веќе обезбеди место во топ 24, но со победа вечерва би можел да биде и меѓу носителите за првата елиминациска фаза, доколку во исто време Јувентус, Селтик и ПСВ не забележат триумфи. Манчестер Сити нема простор за кикс – со победа ќе го надмине победникот од дуелот Штутгарт – ПСЖ и ќе обезбеди свое место во следната рунда. Сепак, само триумф би му гарантирал дека ќе биде барем на 16. позиција и дека ќе има поповолен ждреб за нокаут фазата. Барселона ќе ја дочека Аталанта. Каталонците се надеваат на победа, како и пораз на Ливерпул кој гостува кај ПСВ. Се очекува Реал Мадрид да го совлада Брест, Арсенал да помине добро кај Џирона, како и победа на Интер против Монако. Вечерва сите очи ќе бидат вперени во оваа возбудлива фудбалска ноќ, каде што ќе се решава судбината на најдобрите европски тимови! Сите натпревари се на програмата во 21 часот: Астон Вила – Селтик Барселона – Аталанта Баер Леверкузен – Спарта Прага Баерн – Слован Братислава Борусија Дортмунд – Шахтјор Брест – Реал Мадрид Динамо Загреб – Милан Џирона – Арсенал Интер – Монако Јувентус – Бенфика Лил – Феенорд Манчестер сити – Клуб Бриж ПСВ – Ливерпул Салцбург – Атлетико Мадрид Спортинг – Болоња Штурм – Лајпциг Штутгарт – ПСЖ Јанг Бојс – Црвена звезда

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.