January 29, 2025 | | Свет
Бразилските медиуми откриваат детали од договорот кој Нејмар го прифатил за своето враќање во Сантош, клубот каде што започна неговата фудбалска кариера. Иако основната плата му е далеку од астрономските суми кои ги заработуваше во Европа и Саудиска Арабија, напаѓачот ќе продолжи да има значителни приходи преку имиџ правата. На почетокот на неделата, Нејмар официјално го раскина договорот со Ал Хилал, а се очекува наскоро да потпише со Сантош. Во следните шест месеци, тој ќе игра за „симболични“ примања според неговите стандарди – основната плата му изнесува околу 1 милион бразилски реали месечно (приближно 160.000 евра). Сепак, најголем дел од неговите приходи ќе дојдат од имиџ правата, бидејќи Нејмар ќе задржи 90% од нив. Со ова, неговите месечни примања би можеле да достигнат и до 5-6 милиони бразилски реали, односно помеѓу 800.000 и 950.000 евра. Дополнително, голем дел од финансиската сигурност му доаѓа од огромната исплата која ја доби од Ал Хилал како дел од договорот за предвремен прекин на соработката. Со ова, новиот договор со Сантош му претставува повеќе емоционално враќање отколку финансиски мотивиран потег.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |