Арсенал тргна во Воткинс, првата понуда одбиена!

January 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал тргна во Воткинс, првата понуда одбиена!

Во последните денови од преодниот рок, Арсенал реши да испрати понуда за Оли Воткинс, напаѓачот на Астон Вила и истата била одбиена од страна на тимот од Бирмингем, пренесува Фабрицио Романо. Понудата била околу 60 милиони фунти бидејќи не е доволно, а згора на тоа, на Астон Вила не и се допаднал тајмингот во кој оваа понуда е испратена токму поради клучниот натпревар кој го имаат вечерва во рамките на Лигата на шампиони каде ќе го дочекаат Селтик како 9-то пласирани. Астон Вила воедно е и во активни преговори со Ал Наср за Џон Дуран. Иако вчера тимот од Саудиска Арабија ги договори условите и со Виктор Бонифејс, напаѓачот на Баер Леверкузен, сепак ќе потпишат само еден од овие двајца.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.