Бриж го шокираше Манчестер Сити, Ковачиќ за кратко возврати! (ВИДЕО)

January 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бриж го шокираше Манчестер Сити, Ковачиќ за кратко возврати! (ВИДЕО)

Белгискиот шампион Бриж успеа да ги замолкне трибините на „Етихад“ и на изненадување на сите, но и на огромно разочарување на фановите на Манчестер Сити, имаше водство од 0-1, но тука е Матео Ковачиќ за да ги врати работите на почеток. Иако „граѓаните“ од самиот старт ја презедоа иницијативата и постојано напаѓаа, гостите вешто го бранеа својот гол. Фудбалерите на Пеп Гвардиола не најдоа начин да го пробијат цврстиот одбранбен бедем на Бриж, кој, од својата единствена шанса во првиот дел, успеа да направи вистинска сензација. Во 45. минута, по фантастично изработена акција како од учебник, Ониедика го матираше голманот на Сити и го доведе Бриж во водство. Сепак, на самиот старт на вториот дел, Матео Ковачиќ постигна гол и во врати Сити во живот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.