Во Баерн зачудени: Преплавени се со понуди за напаѓачот!

January 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Во Баерн зачудени: Преплавени се со понуди за напаѓачот!

Младиот напаѓач на Баерн Минхен, Матис Тел, ја разбуди фудбалската сцена со својата одлука да побара трансфер во потрага по поголема минутажа. Спортскиот директор на Баварците, Макс Еберл, го потврди ова и откри дека клубот никогаш досега не примил толку многу повици за еден играч.

„Во декември ни кажа дека сака да се наметне во Баерн, но сега не извести дека сака да замине. Ќе ги разгледаме сите опции и ќе одлучиме што е најдобро,“ изјави Еберл, нагласувајќи дека ја разбира желбата на 19-годишниот талент да добие повеќе простор за игра.
И покрај тоа што во клубот би сакале да го задржат, Тел е решен да најде тим каде што ќе добие повеќе минути на теренот.
„Би сакал да покажеше желба да се бори за место во тимот, но не му се лутам,“ додаде Еберл.
Во меѓувреме, шпекулациите околу неговата иднина се разгоруваат. Младиот Французинец е на радарот на многу европски гиганти, а посебен интерес пристигнува од Премиер лигата. Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Астон Вила и Тотенхем се клубови кои внимателно ја следат ситуацијата, подготвени да реагираат доколку Баерн даде зелено светло за трансфер. Во моментов Тотенхем е најблизу до трансфер на Тел и тимот од Лондон се надева дека трансферот ќе се реализира за сума од 60 милиони евра. Баерн Минхен сега е на крстопат – дали ќе успее да го задржи Тел и да му овозможи поголема улога, или пак ќе биде приморан да прифати една од многуте примамливи понуди? Одговорот можеби ќе го добиеме во следните недели!

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.