Официјално: Роналдо доби партнер во нападот вреден 77 милиони евра!

January 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Официјално: Роналдо доби партнер во нападот вреден 77 милиони евра!

Џон Дуран го напушти англискиот фудбал и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ал Наср. Напаѓачот на Астон Вила ја прифати примамливата понуда од Саудиска Арабија, оставајќи ја Премиер лигата зад себе. Клубот каде што настапува Кристијано Роналдо за неговите услуги плати 77 милиони евра, а трансферната сума може дополнително да порасне со различни бонуси и клаузули. Иако Дуран главно беше резервист во тимот од Бирмингем, каде што приоритет во нападот имаше Воткинс, тој сепак привлече интерес од повеќе европски клубови. Но, 21-годишниот Колумбиец одлучи да ја прифати предизвикувачката можност во Саудиска Арабија. Во дресот на Астон Вила одигра вкупно 55 натпревари и постигна 12 голови, а сега ќе се обиде да го докаже својот квалитет на Блискиот Исток.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.