January 31, 2025 | | Свет
Манчестер Сити успеа да избегне елиминација од Лигата на шампионите, но не можеше да биде премногу задоволен од исходот на ждрепката за нокаут-фазата. Во осминафиналето ги чека добро познатиот противник – Реал Мадрид, тим со кој во последните четири сезони се сретнаа дури осум пати. „Ова веќе наликува на дерби“, коментираше Пеп Гвардиола, нагласувајќи ја тежината на дуелот. Иако Сити викендов славеше над Челзи и направи пресврт против Клуб Бриж за да остане во Лигата на шампионите, кризата во тимот сè уште не е целосно зад нив. Февруари ќе биде клучен за текот на сезоната на англискиот шампион. Веќе во недела ги чека Арсенал на „Емирати“, а потоа ќе имаат кратка пауза пред мечот од ФА Купот против Лејтон Ориент, каде Гвардиола веројатно ќе ротира со составот. Три дена подоцна, „граѓаните“ на „Етихад“ го пречекуваат Реал Мадрид, по што следуваат дуели со Њукасл, реванш во Мадрид, па клучни пресметки со Ливерпул (23 февруари) и Тотенхем пред репрезентативната пауза.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |