Наташа Андонова се врати во Шпанија, ќе игра за Мадрид

January 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Наташа Андонова се врати во Шпанија, ќе игра за Мадрид

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова повторно ќе игра во шпанската лига, потпишувајќи договор со екипата на Мадрид. По кусиот ангажман во Ал-Шабаб од Саудиска Арабија, таа се враќа во позната околина, бидејќи претходно го носеше дресот на Барселона и Леванте. Екипата на Мадрид, која во моментов се наоѓа на десеттата позиција во првенството и се соочува со резултатска криза, ја смета Андонова за клучно засилување во офанзивниот дел на тимот. Во текот на својата кариера, Андонова настапуваше и за Турбине, Розенгард, ПСЖ, Борец Велес и Тиквешанка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.