February 1, 2025 | | Свет
Манчестер Сити покажува сериозен интерес за Нико Гонзалес и е подготвен да ја активира откупната клаузула од 60 милиони евра. Доколку ова се реализира, Порто ќе инкасира 36 милиони евра, додека Барселона ќе добие 24 милиони бидејќи Каталонците имаат 40 отсто заработка од неговиот следен трансфер во периодот кога го продадоа на португалскиот гигант. Гонзалес, кој сега има 23 години, беше дел од Барселона, но во 2023 година ја напушти екипата поради силната конкуренција, иако Чави му даваше одредена минутажа. Претходно, тој беше на позајмица во Валенсија, а потоа Порто го ангажираше за сума од осум милиони евра. Пеп Гвардиола има намера да го засили средниот ред на тимот во обид да ја задржи конкурентноста во Премиер-лигата и борбата за место во Лигата на шампионите. Дополнително, Сити го гледа Гонзалес како засилување за претстојните дуели против Реал Мадрид во најпрестижното европско клупско натпреварување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |