Ливерпул имаше среќа: Клајверт го промаши невозможното (ВИДЕО)

February 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул имаше среќа: Клајверт го промаши невозможното (ВИДЕО)

Ливерпул ја продолжи својата доминација во Премиер лигата со значајна победа на гостувањето кај Бормут, тим кој досега важи за едно од најголемите изненадувања во сезоната заедно со Нотингем Форест. Бормут покажа дека е тежок противник на свој терен, нешто што веќе го почувствуваа Манчестер Сити и Арсенал, кои си заминаа без бодови од „Виталити“. Ливерпул, пак, успеа да избегне такво сценарио, но не без среќа. Домаќините двапати ја погодија рамката од голот на Бекер, а Клајверт во 70-тата минута при резултат 1-0 имаше неверојатна шанса каде имаше празен гол. Само пет минути подоцна стигна казната – Салах го постигна својот втор погодок и ги постави конечните 0-2, осигурувајќи им на „црвените“ три значајни бода. Со оваа победа, Ливерпул сега има 56 бодови, девет повеќе од Арсенал, кој во наредното коло го очекува дербито против Манчестер Сити. Резултати од колото: Њукасл – Фулам 1-2 Ипсвич – Саутемптон 1-2 Евертон – Лестер 4-0

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.