February 1, 2025 | | Свет
Еден страствен навивач на Манчестер Јунајтед веќе четири месеци го следи својот необичен предизвик – да не се шиша додека клубот не оствари пет последователни победи. Ситуацијата за него станува сè покомплицирана, бидејќи Јунајтед повторно минува низ турбулентна сезона, а неговата коса веќе значително порасна. Тој секојдневно објавува ажурирања на својот Инстаграм профил, а вчера се одбележа 118-от ден од почетокот на предизвикот. Очигледно, неговиот фризер ќе има сериозна задача кога конечно ќе дојде моментот за шишање. Сепак, крајот на оваа необична одлука можеби е блиску, бидејќи Јунајтед веќе врза три победи во низа, совладувајќи ги Ренџерс, Фулам и ФКСБ. Утре од 15 часот ги очекува дуел со Кристал Палас, а потоа и домашен меч во ФА Купот против Лестер, што им дава реална шанса да стигнат до посакуваната серија од пет триумфи.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |