February 1, 2025 | | Свет
Алваро Мората требаше вечерва да допатува во Истанбул, но лошите временски услови го спречија неговиот лет, оставајќи 30.000 навивачи на Галатасарај разочарани. Шпанскиот напаѓач веќе го потпиша договорот со турскиот гигант и се фотографираше со клупските директори, но неговото пристигнување во Турција ќе мора да се одложи барем до утре. Без оглед на доцнењето, нема сомнение дека ќе го дочекаат со спектакуларен пречек. Во меѓувреме, се појавија нови детали за трансферот. Првичните информации велеа дека Милан ќе добие 16 милиони евра од постојан трансфер, но сега се шпекулира дека станува збор за 18-месечна позајмица со опција за откуп на договорот за осум милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |