February 2, 2025 | | Свет
Робин Ван Перси, легендарниот тренер на Херенвен, остана вчудоневиден по контроверзното реми (2-2) против Фортуна во 21. коло од холандското првенство. Херенвен имаше предност од 2-1 сè до последните моменти од натпреварот, но Фортуна успеа да израмни во 90. минута, и тоа во ситуација кога на теренот имаше 12 играчи. Во 88. минута при една измена, еден од фудбалерите на Фортуна не го напуштил теренот, а судиите не ја забележаа грешката. Со нумеричка предност, Фортуна прво изнуди аут, потоа корнер, а токму од таа ситуација го постигна голот за изедначување. „Ова е недозволиво. Екипата на Фортуна играше со 12 фудбалери, а тоа не смее да се случи на ова ниво. Од клупата веднаш реагиравме и го пријавивме случајот кај четвртиот судија, но натпреварот продолжи како ништо да не се случило. Ова е нешто што Холандската фудбалска федерација мора сериозно да го истражи“, изјави разочараниот Ван Перси.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |