Анчелоти збесна поради судиите: За вакви ситуации постои ВАР! (ВИДЕО)

February 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти збесна поради судиите: За вакви ситуации постои ВАР! (ВИДЕО)

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не го криеше своето незадоволство од судиските одлуки по поразот на неговиот тим со 0-1 против Еспањол. Најпрво, голот на Винисиус Жуниор беше поништен, а потоа судијата не му додели црвен картон на Карлос Ромеро, иако направи груб прекршок одзади врз Килијан Мбапе. Интересно е што токму Ромеро подоцна го постигна победничкиот гол за домаќините. „Не сакам да зборувам за тоа дали има конфликт меѓу Реал Мадрид и судиите. Единствено што ќе кажам е дека сите видоа што се случи. Очигледен црвен картон не беше доделен, а ВАР требаше да реагира. Најважно е да се заштити здравјето на играчите, а ова беше премногу груб старт. Добро е што немаше сериозна повреда, но судиската одлука е навистина тешко разбирлива“, изјави Анчелоти. Тој се осврна и на поништениот погодок на Винисиус: „Судијата едноставно ни рече дека имало фаул од Мбапе“, рече тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.