Сити ја одреди цената за Кансело, Барса треба да одлучи

June 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити ја одреди цената за Кансело, Барса треба да одлучи

Жоао Кансело сезонава ја помина на позајмица во Барселона, а неговен матичен клуб е Манчестер Сити. Почна силно и мотивирано Барселона, играше и десен и лев бек, беше на ниво, но факт е и дека потфрли во клучните натпревари во сезоната, реваншот против ПСЖ и во Ел Класико против Реал Мадрид каде на тие натпревари правеше наивни потези каде покажа нестабилност. Барселона е заинтересирана да го откупи Кансело, а како што пренесува „Mundo Deportivo“, Манчестер Сити е спремен да го пушти и ќе бара околу 30 милиони евра. Наводно, Сити не би се противеле да го пуштат уште една сезона на позајмица во Барселона, но со обврзувачки откуп наредното лето.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.