Кошмарната повреда на Лисандро и најверојатно крај на сезоната (ВИДЕО)

February 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кошмарната повреда на Лисандро и најверојатно крај на сезоната (ВИДЕО)

Лисандро Мартинез, аргентинскиот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, доживеа тешка повреда за време на натпреварот против Кристал Палас. Во 77. минута, тој падна на теренот како покосен, а потоа мораше да биде изнесен на носилки. Навивачите на „Олд Трафорд“ го поддржаа со силни аплаузи и стоечки овации, додека болката на неговото лице и солзите зборуваа за сериозноста на ситуацијата. Според првичните информации, веројатно станува збор за кинење на вкрстените лигаменти, што би значело пауза од шест до девет месеци за Мартинез. Дополнителните прегледи ќе дадат попрецизни информации, но јасно е дека Аргентинецот ќе биде далеку од терените во следните месеци. Оваа повреда претставува голем удар и за играчот и за тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.