February 3, 2025 | | Македонија
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, имаше можност да ги следи натпреварите на македонските клубови во Анталија и остана задоволен од прикажаното. Во текот на подготовките за продолжението на сезоната во ПМФЛ, екипите на Вардар, Шкендија, Шкупи, Струга и Силекс одиграа неколку контролни натпревари, а Милевски искористи прилика да ги анализира нивните настапи. Посебно внимание беше посветено на Дамјан Шишковски, Бобан Николов и Себастијан Ерара, но и на општиот ритам и квалитетот на играта. „Имам позитивни впечатоци од прикажаното на овие средби. Разликата во ритамот меѓу овие натпревари и домашното првенство беше очигледна. Видовме нова енергија, тимски дух и силна желба за докажување. Се надевам дека ова ниво на игра ќе го пренесат и во натпреварите од МФЛ. Во модерниот фудбал ова се клучни елементи за добар резултат. Иако овие натпревари немаа резултатско значење, тие сепак даваат добра слика за екипите и индивидуалните квалитети на фудбалерите. Ќе продолжиме внимателно да ги следиме сите играчи со репрезентативен потенцијал, бидејќи нивните настапи се одлучувачки за изборот во националниот тим,“ изјави Милевски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |