Реал се чувствува оштетено: Одлуките против нас ја преминаа границата!

February 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал се чувствува оштетено: Одлуките против нас ја преминаа границата!

Реал Мадрид овој викенд загуби со 1-0 од Еспањол во натпревар од шпанската Ла Лига, а од таборот на „кралевите“ изразија незадоволство од судењето. Шпанскиот гигант денеска официјално потврди дека испратил жалба до Фудбалскиот сојуз на Шпанија, критикувајќи ги арбитражните одлуки на овој натпревар. „Одлуките донесени против нашиот тим ја надминаа границата на човечка грешка или субјективно толкување. Судиите го достигнаа нивото на манипулација и ова е нешто што веќе не може да се игнорира“, се наведува во соопштението на Реал Мадрид. По 22 одиграни кола во Ла Лига, „кралевите“ се лидери со 49 бодови, Атлетико е веднаш зад нив со 48, додека Барселона има 45 бодови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.