February 4, 2025 | | Свет
Легендата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, откри дека пред да се пресели во Манчестер Јунајтед, можел да потпише за најголемиот ривал на „кралевите“ – Барселона. Во интервју за El Chiringuito, португалскиот ас призна дека каталонскиот клуб покажал сериозен интерес додека тој сè уште настапувал за Спортинг Лисабон. „Барселона сакаше да ме доведе, преговараа за мојот трансфер. Но, една година подоцна се појави Манчестер Јунајтед и работите се променија“, изјави Роналдо. Иако на крајот блескаше во дресот на Реал Мадрид, со кој освои бројни титули и постави рекорди, тој призна дека секогаш сакал да игра на „Камп Ноу“ – но како гостин. „Сакав да играм на ‘Камп Ноу’. Таму ме свиркаа, ме навредуваа, а јас го обожавав тоа“, рече Португалецот, додавајќи дека Реал Мадрид ќе остане клубот каде што бил најсреќен. „Реал засекогаш ќе биде во моето срце. Таму направив неверојатни работи и оставив наследство кое нема да биде заборавено“, истакна Роналдо. Тој исто така проговори за доделувањето на „Златната топка“ и смета дека напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор, требаше да ја освои наградата. „Вини ја заслужи ‘Златната топка’, но не сум изненаден од исходот. Оваа награда одамна го загуби кредибилитетот“, заклучи Роналдо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |