February 4, 2025 | | Свет
Се затвори преодниот рок во најдобрите европски лиги, а оваа зима донесе значајни трансфери, иако традиционално летниот преоден период е поактивен. Премиер лигата повторно беше во фокусот, пред сè поради Манчестер Сити, кој потроши повеќе од 200 милиони евра за нови засилувања. Екипата на Пеп Гвардиола доби нови имиња, меѓу кои Омар Мармуш (75 милиони евра), Нико Гонзалес (60 милиони), Абукодир Хусанов (40 милиони) и Виктор Реис (37 милиони), што вкупно изнесува 212 милиони евра. Најголемата продажба во овој преоден рок доаѓа исто така од Премиер лигата. Астон Вила го продаде Џон Дуран во Ал Наср за рекордни 77 милиони евра, што го прави најскапиот трансфер оваа зима. Фудбалскиот пазар остана динамичен и во зимскиот преоден рок, а најголемите европски клубови не штедеа средства за да ги засилат своите тимови. Топ 10 најскапи трансфери на зимскиот преоден рок: Џон Дуран (Астон Вила – Ал Наср), 77.000.000 евра Омар Мармуш (Ајнтрахт – Манчестер Сити), 75.000.000 Хвича Кварацхелија (Наполи – ПСЖ), 70.000.000 Нико Гонзалес (Порто – Манчестер Сити), 60.000.000 Чави Симонс (ПСЖ – Лајпциг), 50.000.000 Вандерсон Галено (Порто – Ал Ахли), 50.000.000 Абукодир Хусанов (Ленс – Манчестер Сити), 40.000.000 Виктор Реис (Палмеирас – Манчестер Сити), 37.000.000 Луис Енрике (Ботафого – Зенит), 33.000.000 Сантијаго Хименез (Феенорд – Милан), 32.000.000
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |