February 4, 2025 | | Свет
Во своите најдобри години во Барселона, Нејмар доби астрономска понуда од 222 милиони евра од Париз, сума која и денес останува рекордна за еден фудбалер. Каталонскиот клуб немаше избор освен да се раздели со големиот талент. По престојот во ПСЖ, бразилската ѕвезда замина во Саудиска Арабија, а сега на 32 години се враќа во својот матичен клуб, Сантос. Иако кариерата му е на залез, неговата заработка достигна неверојатни суми. Сличен пат би можел да следи и Винисиус Жуниор, кој во Реал Мадрид веќе неколку сезони докажува дека е еден од најдобрите во светот. Според „Diario AS“, за бразилскиот ас пристигнала понуда вредна неверојатни 1,3 милијарди евра. Саудиските клубови се свесни дека за трансфер на Винисиус ќе биде потребна рекордна инвестиција. На Реал му се подготвени 300 милиони евра, додека самиот играч би заработил дури една милијарда. Познатиот новинар Сиро Лопез смета дека претседателот на Реал, Флорентино Перез, треба да ја прифати оваа понуда и со тие средства да донесе три играчи од светска класа. „Продај го Вини, па доведи најдобар стопер во Европа за 70 милиони евра, најдобар лев бек за 80 милиони и играч од средниот ред кој би ја презел улогата на Тони Крос“, вели Лопез, кој верува дека мнозинството навивачи на Реал се подготвени за оваа промена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |