February 4, 2025 | | Свет
Милан имаше успешен зимски преоден рок, а најголемата активност се случи во последниот ден од трансфер периодот. Италијанскиот гигант претходно ги осигура потписите на Кајл Вокер од Манчестер Сити и Сантиаго Хименез од Феенорд, но вистинската завршница донесе уште неколку засилувања. Најголемата атракција беше Жоао Феликс, кој пристигна на позајмица од Челзи. Поради краткото време за преговори, „росонерите“ не успеаја да договорaт целосен трансфер, но летото ќе продолжат со разговорите околу неговата иднина. Феликс пристигна во Милано доцна во ноќта и веднаш стави потпис на договорот, а утрово беше официјално промовиран во клупските простории. Заедно со него, медицинските тестови ги поминаа и новите засилувања – Варен Бондо од Монца и Рикардо Сотил од Фиорентина. Португалецот го избра дресот со број 79, кој претходно го носеше Франк Кеси. Од друга страна, Милан се раздели со неколку фудбалери. Давиде Калабрија, Алваро Мората и Фоде Бало-Туре си заминаа претходно, а во последниот трансферен ден клубот го напуштија и Исмаел Бенасер, како и Ноа Окафор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |