February 4, 2025 | | Свет
Лошите вести за Карло Анчелоти и Реал Мадрид не престануваат, а најновиот удар е дека Килијан Мбапе нема да може да настапи против Леганес во четвртфиналето од Купот на Шпанија. Анчелоти на денешната прес-конференција потврди дека напаѓачот ќе отсуствува поради повреда на потколеницата. „Вчера му дадовме дополнителен ден за одмор, а денес тренираше нормално, но има хематом во листот, па нема да биде во конкуренција за утрешниот натпревар“, изјави стратегот на „кралевите“. Повредата на Мбапе дојде по грубиот старт на Карлос Ромеро во дуелот против Еспањол, натпревар во кој Реал Мадрид имаше сериозни замерки кон судењето. Анчелоти истакна дека клубот побарал објаснување од Фудбалската федерација за арбитражата, сметајќи дека Ромеро требало да биде исклучен. Дополнително, Реал остана без уште еден важен играч во тој дуел – Антонио Рудигер беше принудно заменет по само 15 минути игра. Клубот денес објави дека и Давид Алаба повторно ќе биде надвор од терените во наредниот период, дополнително комплицирајќи ја ситуацијата во дефанзивата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |