Анри: Жал ми е за Гвардиола поради една причина

February 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анри: Жал ми е за Гвардиола поради една причина

Манчестер Сити минува низ една од своите најслаби сезони во последните години, а тимот веќе ја загуби борбата за титулата. Сепак, тоа не е единствената голема грижа за тренерот Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег во моментов се соочува и со приватни предизвици, бидејќи минува низ развод со долгогодишната сопруга Кристин Сер, со која е повеќе од три децении и има три деца. Поддршка во овој тежок период му даде Тијери Анри, поранешниот играч на Барселона, кој работел под водство на Гвардиола. „Ми е жал за Пеп, но не само поради резултатите на Манчестер Сити. Поминав низ слична ситуација кога се преселив во Барселона. Тоа е многу тешко, психички ве исцрпува. Се гледа дека Гвардиола не е истиот, а никој не сака да се бори со вакви работи и истовремено да мора да постигнува резултати“, изјави Анри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.