Атлетико „пукна петарда“ во Купот и го предупреди Реал Мадрид (ВИДЕО)

February 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетико „пукна петарда“ во Купот и го предупреди Реал Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид без проблеми избори пласман во полуфиналето на Купот на кралот, откако на свој терен го совлада Хетафе со убедливи 4-0. Домаќините доминираа на „Ванда Метрополитано“ и заслужено стигнаа до висок триумф. Натпреварот започна одлично за Атлетико, а главна ѕвезда во воведните минути беше Џулиано Симеоне, синот на тренерот Диего Симеоне. Тој двапати се запиша во листата на стрелци, прво во осмата, а потоа и во 17. минута. До крајот на првиот дел, во листата на стрелци се запиша и Самуел Лино, со што резултатот на полувреме беше 3-0. Во второто полувреме двата тренери направија неколку измени, а играта доби поинаков ритам. Сепак, резервистите на Атлетико се погрижија за уште два погодоци. Анхел Кореа зголеми на 4-0, додека конечниот резултат во 86. минута го постави Александер Сорлот. Со оваа убедлива победа, „јорганџиите“ испратија сериозна порака до градскиот ривал Реал Мадрид, пред претстојното дерби „Ел Мадриљењо“ што ќе се игра за време на викендот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.