February 5, 2025 | | Свет
Според францускиот L'Equipe, Челси направил обид во последен момент да му го „украде“ Матис Тел на Тотенхем, додека младиот напаѓач чекал лет за Лондон. Трансферот на Тел беше еден од најнеочекуваните потези во зимскиот преоден рок. Иако првично го одби преминот во Тотенхем за сума од околу 60 милиони евра, на крајот се премисли и се согласи на позајмица во редовите на „петлите“. Драмата не завршила тука – додека Французинот се наоѓал на аеродром, Челси се обидел да го убеди да се пресели на „Стемфорд Бриџ“. Сепак, нивната понуда стигнала предоцна, а Тел го комплетираше трансферот во редовите на Тотенхем.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |