February 6, 2025 | | Свет
Фудбалерите користат различни методи за одржување на физичката форма, а еден од новите трендови во Премиер лигата е спиењето со леплива лента преку устата. Оваа техника ја применува и Ерлинг Халанд, кој верува дека му помага во подобрување на физичката подготвеност. Преку лепењето на устата, телото е принудено да дише низ нос, што го забавува дишењето, спречува сушење на грлото и го намалува внесот на несакани честички. Дополнително, оваа навика може да ја подобри циркулацијата на крвта и работата на мускулите, пренесува AS. Сепак, стручњаците предупредуваат дека овој тренд носи и потенцијални ризици. Лекарите го нарекуваат „еден од најопасните“ поради опасноста од апнеја, гушење при повраќање или проблеми со дишењето кај луѓе со затнат нос или девијација на носниот септум. Халанд зборуваше за оваа техника во подкастот на Логан Пол, истакнувајќи дека спиењето е клучно за неговата подготовка. „Тренирам, внимавам на биомеханиката, правам сè за телото да ми функционира оптимално. Спиењето е најважно. Обиди се, зошто да не? Јас вака спијам“, рече тој. Лекар за „givemesport“ предупредува: „Ако ви е затнат носот или имате девијација на носниот септум, можете да се разбудите сред ноќ без можност да дишете. Тоа не е баш пријатен сон“, изјави лекарот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |