Селекцијата до 21 година доби тешка група во новиот циклус за ЕП 2027

February 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Селекцијата до 21 година доби тешка група во новиот циклус за ЕП 2027

Македонската млада фудбалска репрезентација утринава ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство 2027. Во групата, избраниците на новиот селектор Горан Станиќ ќе се соочат со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија. Квалификацискиот циклус ќе започне во март 2025 година и ќе трае до октомври 2026 година, по што најдобрите екипи ќе разигруваат во плеј-оф фазата. Завршниот турнир ќе се одржи во летото 2027 година, а домаќини ќе бидат Албанија и Србија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.