Постекоглу ќе добие отказ?!

February 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Постекоглу ќе добие отказ?!

Тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, се наоѓа под сериозен притисок поради катастрофалниот пораз од Ливерпул (4-0) во полуфиналето од Лига купот на Англија. Според извори од Островот, ситуацијата во клубот станува сè понестабилна, а неговата иднина е неизвесна. Иако раководството досега му даваше поддршка, двомечот со Ливерпул се сметаше за клучен показател за идните чекори. Синоќешниот дебакл, при што Тотенхем не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот, предизвика незадоволство кај навивачите. Ова е првпат тимот да прикаже толку слаба офанзивна игра откако Австралиецот седна на тренерската позиција. Моментално, Тотенхем се наоѓа на 14. место во Премиерлигата, а неодамнешниот триумф над Брентфорд прекина серија од четири последователни порази. Синоќешниот резултат дополнително ги продлабочи дискусиите во клубот околу статусот на Постекоглу, а неговата позиција станува сè понесигурна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.