Македонија У21 прво ќе гостува кај Полска, па ќе ја пречека Италија

February 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонија У21 прво ќе гостува кај Полска, па ќе ја пречека Италија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ги доби своите противници за квалификациите за Европското првенство 2027, кое ќе се одржи во Албанија и Србија. На ждрепката во Нион, македонските надежи беа сместени во групата Е, заедно со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија. Избраниците на селекторот Горан Станиќ ќе ги започнат квалификациите на гостински терен против Полска, додека во второто коло ќе ја пречекаат Италија, која важи за главен фаворит во групата. 1.коло   Полска – Македонија   5.септември 2.коло   Македонија – Италија  9.септември 3.коло   Македонија – Ерменија 10. октомври 4.коло   Црна Гора – Македонија 14. октомври 5.коло   Македонија – Шведска    13.ноември 6.коло   Македонија – Полска       18. ноември 7.коло   Италија – Македонија    26.март 2026 8.коло   Ерменија – Македонија   31. март 2026 9.коло   Македонија – Црна Гора   1.октомври 2026 10.коло Шведска – Македонија     5.октомври 2026

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.