Терористи планирале напад врз фудбалерите на Реал Мадрид

June 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Терористи планирале напад врз фудбалерите на Реал Мадрид

Несекојдневна вест од Шпанија каде според информациите на „El Confidencial“ од страна на безбедносно-разузнурувачка служба во Шпанија била растурена организација која е поврзана со Исламската држава, а која планирала напад на автобусот на „кралевите“. Планот бил да се нападне автобусот на играчите на Реал Мадрид, како и навивачите на клубот. Во соработка на шпанската полиција, Европол и на ФБИ со властите на Холандија, Германија, Франција, Естонија, Романија и Исланд, уапсени се девет лица. Наводно, тие се заканиле и со напади во Париз, Мадрид и Минхен додека всушност траеше Лигата на шампиони, но за среќа такво нешто не се случи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.