Херојот Мегваер му донесе победа на Јунајтед против Лестер во ФА Купот (ВИДЕО)

February 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Херојот Мегваер му донесе победа на Јунајтед против Лестер во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во осминафиналето на Фа Купот совладувајќи го Лестер со 2-1 преку пресврт. Резултатот го отворија гостите со голот на Де Кордова-Реид во 42. минута, погодок кој воедно беше единствениот во првиот дел. Тимот на Аморим во второто полувреме пушти во „брзина повеќе“ покажувајќи желба за да се врати во игра. Наградата за притисокот дојде во 68. минута кога Зиркзе успеа да погоди. По погодокот, продолжи притисокот на Манчестер Јунајтед, а пресвртот дојде буквално во последната минута и со последната акција. По центаршутот на Бруно Фернандеш, спремен беше Хари Мегваер кој погоди со глава. Да имаше ВАР, голот ќе беше поништен поради офсајд, но истиот го нема во оваа рана фаза од натпреварувањето. Јунајтед во следната фаза ќе игра со подобриот од Лидс и Милвал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.