Салах и Ван Дајк потпишале нови договори, но се крие поради една причина

February 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Салах и Ван Дајк потпишале нови договори, но се крие поради една причина

Ливерпул донел одлука да не ги објави продолжувањата на договорите на Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах, иако двајцата ѕвезди веќе потпишале нови договори за уште една сезона. Главната причина за оваа одлука е ситуацијата со нивниот соиграч, Трент Александер-Арнолд, кој сè уште не ја продолжил својата соработка со клубот. Бекот влегува во последната година од договорот, а „црвените“ не сакаат да му создадат дополнителен притисок во клучниот дел од сезоната, кога тимот се бори на повеќе фронтови. Се шпекулира дека Реал Мадрид покажал сериозен интерес за Александер-Арнолд, а шпанските медиуми дури тврдат дека постои преддоговор. Сепак, Ливерпул сè уште се надева дека може да го убеди англискиот репрезентативец да остане на „Енфилд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.