February 8, 2025 | | Свет
Манчестер Сити вложи над 200 милиони евра во засилувања за време на јануарскиот преоден рок, што предизвика многу реакции во фудбалската јавност. Тренерот Пеп Гвардиола ја коментираше целата ситуација, објаснувајќи дека клубот само троши според своите можности. ,,На крајот на краиштата, секој клуб може да троши онолку колку што има, а ние трошиме затоа што имаме пари. Во последните три години, во однос на трошењето, бевме далеку од најдобрите шест екипи во Англија, а сепак освоивме сè што освоивме’’, изјави Гвардиола. Шпанецот истакна дека Манчестер Сити, и покрај последните трансфери, сè уште заостанува зад клубови како Челси, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем и дури Ливерпул. ,,Во последните пет години, според потрошените пари, сме последни меѓу првите шест екипи во Премиер лигата. Дури и по овој јануарски преоден рок, далеку сме од останатите, бидејќи претходно многу продававме’’, додаде Гвардиола. Сепак, целата приказна не би била толку спорна доколку финансискиот фер-плеј не беше постојан проблем за Манчестер Сити. Клубот и претходно се најде во неволја заради преголемите трошоци, па дури му се закануваше и одземање на 40 бодови. Во моментов, „граѓаните“ се наоѓаат на четвртото место во Премиер лигата со 41 бод. Во Лигата на шампионите, пак, ги чека тежок предизвик, бидејќи во осминафиналето ќе се соочат со актуелниот европски шампион, Реал Мадрид.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |