February 8, 2025 | | Свет
Фудбалерите на Милан остварија важна победа на гостувањето кај Емполи со 2:0 во рамките на 24. коло од италијанската Серија А. Стрелци на головите за „росонерите“ беа Рафаел Леао во 68. минута и Сантиаго Хименез во 76. минута, со што ја запечатија победата. Натпреварот беше доста борбен, а двете екипи останаа со играч помалку пред да паднат головите. Фикајо Томори од Милан доби црвен картон во 55. минута, додека Лука Марианучи од редовите на Емполи беше исклучен во 65. минута. На табелата, Милан моментално се наоѓа на седмото место со 38 бодови, додека Емполи, кој води жестока битка за опстанок, е на 17. позиција со 21 бод. Во следното коло, Милан на 15 февруари ќе игра на домашен терен против Верона, додека Емполи ќе му гостува на Удинезе еден ден подоцна.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |