Алварез со „паненка“ го совлада Куртоа, Атлетико води против Реал (ВИДЕО)

February 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Алварез со „паненка“ го совлада Куртоа, Атлетико води против Реал (ВИДЕО)

На „Сантијаго Бернабеу,“ Атлетико Мадрид има предност од 0-1 против Реал Мадрид по првото полувреме, кое беше исполнето со тензии и контроверзи. Во 35. минута беше досуден пенал за Атлетико Мадрид, откако ВАР собата интервенираше по еден дуел во шеснаесетникот. Чуамени го нагази Лино, што предизвика главниот судија Сезар Сото Градо да ја прегледа ситуацијата. По анализата, тој покажа на белата точка и досуди пенал за Атлетико, и покрај жестоките протести од фудбалерите на Реал Мадрид. Хулијан Алварез ја презеде одговорноста и со мајсторска „паненка“ во 35. минута го совлада Тибо Куртоа, носејќи водство за Атлетико.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.