February 9, 2025 | | Свет
Мадридското дерби меѓу Реал и Атлетико заврши без победник (1-1) на „Сантијаго Бернабеу“. Тренерот на „Кралевите“, Карло Анчелоти, истакна дека е задоволен што неговиот тим останува на врвот, но смета дека Реал заслужил повеќе од бод. „Среќни сме, затоа што и понатаму сме на лидерската позиција. Но, ако ме прашувате дали требаше да победиме, одговорот е да – бевме многу подобри. Во второто полувреме игравме одлично, а Атлетико го спасија само Облак и среќата. Сега остануваме спокојни и се подготвуваме за дуелот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти. Тој се осврна и на ВАР одлуката, со која на Атлетико му беше досуден пенал. „Ќе кажам само едно – фудбалскиот свет веќе не може да ги разбере ВАР-системот и судиите“, истакна тренерот на Реал Мадрид.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |