Анчелоти: Некои одлуки во фудбалот се невозможни за сфаќање

February 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Некои одлуки во фудбалот се невозможни за сфаќање

Мадридското дерби меѓу Реал и Атлетико заврши без победник, со конечен резултат 1-1. Со овој исход, „кралевите“ успеаја да ја задржат првата позиција на табелата. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по натпреварот одби директно да го коментира судењето. „За пеналот? Не сакам да зборувам за тоа, не ме прашувајте. ВАР беше тој што ја донесе одлуката, откако судијата веќе ја виде ситуацијата во моментот и процени на лице место“, изјави италијанскиот стратег. Тој исто така спомена и друга слична ситуација. „Истото се случи на натпреварот меѓу Атлетик Билбао и Џирона. Луѓето во фудбалскиот свет не ги разбираат овие одлуки, но не сакам да ширам контроверзии“, вели тој. Анчелоти додаде дека не знае дали претходните реакции на клубот влијаеле на судиите. „Екипата е разочарана бидејќи смета дека можевме да победиме. Но, мораме да бидеме задоволни – и понатаму сме први. Зад нас е напорна седмица и сега треба да останеме мирни“, порача тој. Реал Мадрид останува на врвот на табелата во Ла Лига, со бод повеќе од Атлетико, додека Барселона заостанува пет бодови и вечерва игра со Севиља.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.